Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, денеска и утре во општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица се одржува турнир во пинг – понг во кој учествуваат ученици од основните и средните општински училишта во машка и женска конкуренција.
Овој турнир се одржува во организација на Општинскиот сојуз за училишен спорт и пинг – понгарскиот клуб „Струмица“.