Карневалски групи од општинското средно училиште „Димитар Влахов“ и здружението на граѓани „Струма“ од Струмица учествуваа на Жабарскиот карневал кој што се одржа во Иваниќ Град, Република Хрватска. Континенталниот Жабарски карневал се одржува како една од многуте манифестации и настани по повод одбележување на Денот на градот од шести до осми јуни.
Како специјални гости на карневалот, карневалските групи од Струмица беа посебно поздравени од страна на организаторот и со своите интересни костуми во маската „Ветерниците на Дон Кихот“ успеаа да ја импресионираат присутната публика, собрана на плоштадот „Владимир Назор“ во Иваниќ Град.
Освен учеството на карневалот, карневалските групи присуствуваа и на изложбата на вино во организација на здужението Бренета од Иваниќ Град, на која освен многубројните сортни вина од Хрватска, беа промовирани и сортни вина од струмичкото поднебје.