Директорот на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица гас“, Зоран Китанов, учествуваше на Форумот за енергија кој се одржа во Скопје, а во организација на амбасадата на САД во Република Македонија и советодавната организација „Аналитика“.
Деловните и политичките ризици за енергетската безбедност, европската енергетска политика – Русија и Балканот, диверзификацијата на извори – цевководен и течен природен гас и правците на Македонија – регионализација и соработка, се темите на кои се дискутираше на форумот.
Струмица скоро две години ги ползува придобивките од природниот гас, како прва гасифицирана општина во Република Македонија со виртуелен гасовод и токму тоа беше причината за учеството на директорот Китанов на овој форум.