Администрацијата на општина Струмица постигна голем успех на 20-те синдикални спортски игри на УПОС, кои од 12 до 15 јуни се одржаа во Охрид. Во повеќе спортски дисциплини, струмичките административци освоија две први, две втори и едно трето место, а го добија и единственото признание и пехар за фер плеј екипа на игрите.
Прво место и златен пехар освоија во дисциплината баскет за жени и во пикадо за мажи, второ место и сребрен пехар во стрелаштво за жени и тенис за мажи и третото место и бронзениот пехар во шах за мажи. Седумнаесет вработени ја претставуваа општина Струмица на овие синдикални спортски игри.