Успешно стартуваше акцијата „Чиста и уредна средина“ што од вчера почна да ја спроведува општина Струмица во соработка со ЈПКД „Комуналец“, општинскиот сервис „Систем 48“ и Младинскиот совет. Во текот на вчерашниот ден, во првиот реон беа собрани 28 метри кубни разновиден отпад. Во акцијата се вклучија и граѓаните.
-Во вчерашната акција ги исчистивме улиците „Ѓуро Салај“, „Моша Пијаде“, „22 декември“ и „11 октомври“. Можам да кажам дека одѕивот на граѓаните беше добар, а во акцијата беа вклучени Младинскиот совет, Систем 48 и администрацијата на општина Струмица. Во текот на вчерашниот ден беа подигнати 28 метри кубни разновиден отпад, рече на денешната средба со новинарите Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“ при ЈПКД „Комуналец“.