Со нови тротоари и рабници се подновува улицата „Димитар Цветинов“ во Струмица. Изваден е стариот асфалтен слој и се поставуваат нови бекатон плочки од двете страни на улицата, од булеварот „Маршал Тито“ до улицата „Вардарска“.
Од одделението за комунални дејности информираа дека градежниот зафат се изведува на површина од 185 метри квадратни и е финансиран со средства од буџетот на општина Струмица.