Струмичани уште еднаш потврдија дека се мајстори за забави и знаат да уживаат во нив.Така беше и синоќа на градското корзо, каде во рамките на „Струмица опен фестивал 2014“ се одржа трка на келнери во која келнерите од регионот си ги одмеруваа вештините и брзината.Беше тоа тричасовен натпревар во кој уживаа и натпреварувачите и посетителите.