Во рамките на третото издание на „Струмица опен фестивал“, Пивара Скопје донираше средства за набавка на инструменти во општинското основно музичко училиште „Боро Џони“ во Струмица. Чекот во вредност од 185 илјади денари, на стартот од првата музичка вечер и беше врачен на директорката на училиштето, Клара Патарова.Како и музиката и скопско несомнено припаѓа во групата уникатни обележја и вредности кои претставуваат своевиден заштитен знак за Македонија и нејзините граѓани.
Затоа сосема логична е нашата одлука да го поддржиме создавањето на идните музички виртуози, донирајќи средства за нови инструменти во едно од најпознатите музички училишта во земјата. Искрено се надевам дека оваа донација ќе им овозможи на младите кои го посетуваат музичкото училиште во Струмица, да го разбудат и усовршат својот талент, па дури и да ги достигнат ѕвездените височини во уметноста, изјави Катерина Хаџи-Ангелеска – Наческа, специјалист за односи со јавност во Пивара Скопје при примопредавањето на донацијата, кое се одвиваше на главната фестивалска сцена.Новите инструменти кои ќе бидат набавени благодарение Пивара Скопје, ќе придонесат кон создавањето на нови музички мајстори од највисок калибар.Нашето училиште преку шест децении работи на развој на љубовта кон музиката кај децата и негување на нивниот музички талент. Од него произлегле големи музичари, гордост на училиштето, на нашиот град и на цела Македонија. Затоа, оваа донација има значење не само за учениците, туку и пошироко, за целокупната заедница, изјави директорката на „Боро Џони“, Клара Патарова, заблагодарувајќи им се на скопско и Пивара Скопје за прекрасниот гест, кој според неа ќе придонесе за понатамошните успеси на училиштето и неговите ученици.Донацијата на Пивара Скопје за музичкото училиште, одлично се вкпопи во карактерот на фестивалот во Струмица, во чии рамки, како еден од 28-те културно-уметнички настани, се одржа и летната школа за гитара која ја организираа токму професори од училиштето „Боро Џони“.