Организацијата на жени почна со реализација на проектот „Активно вклучување на жените во процесите на носење одлуки“ финансиски поддржан од општина Струмица. Во рамките на проектот, денеска, претставници на организацијата остварија средба со членовите на комисијата за еднакви можности при Советот на општина Струмица.Бидејќи и комисијата за еднакви можности при Советот на општина Струмица и координаторот за еднакви можности на Општината, се еднакво засегнати со решавање на овие прашања, ние денеска инициравме средба со цел да ги запознаеме со активностите на проектот за да дадат свој придонес во реализацијата на идните активности.