Струмица денеска слави голем јубилеј, 70 години од нејзиното ослободување. Одбележувањето почна во раните утрински часови кога во организација на општина Струмица и припадници на АРМ беше изведен симултан – импровизиран напад на градот. По три однапред утврдени локации се движеа припадниците на АРМ и пукаа со маневарска муниција, а завршија на плоштадот „Гоце Делчев“.Одбележувањето на јубилејот ќе трае во текот на целиот ден со повеќе настани во организација на општина Струмица.