Машкиот хор „Хариони де Кампањ“ од Швајцарија синоќа одржа концерт во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Со својот репертоар, во кој имаше и неколку македонски песни, а меѓу кои вистинско изненадување беше песната „Под кулите на Струмица“ ја воодушеви публиката која во неколку наврати пееше заедно со членовите на хорот. Меѓу посетителите беше и градоначалникот Зоран Заев, под чие што покровителство и се одржа концертот. Покрај гостите од Швајцарија, на концертот учествуваа и културно – уметничкото друштво „Гоце Делчев“ од Босилово и групите „Јупитер“ во проширен состав и „Пицикато“. Концертот во Струмица е дел од проектот „Караван низ Македонија“ организиран од македонското добротворно друштво „Македонија“ од Ешалан, Швајцарија.