Одобрени два нови проекти на Општина Струмица

Проектите Јавни работи со активност Уредување на габровскиот водопад, и Отстранување и санирање на дивите депонии на територијата на Општина Струмица,  кои беа аплицирани до Министерството за транспорт и врски и Министерството за локална самоуправа се одобрени. За реализирање на активностите на двата проекти ќе бидат ангажирани 45 општи работници.

Одбележена тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски

Одбележена тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски. Во склоп на чествувачките свечености организирани по тој повод, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и Претседателот на Советот на општина Струмица, Зоран Ристов положија свежо цвеке пред споменикот “Македонија” во Градскиот парк. Градоначалникот Заев одржа реч за живот и делото на Претседателот Трајковски, а чествувачките свечености завршија...

Покана за свечености по повод тригодишнина од смртта на Борис Трајковски

Почитувани граѓани, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на чествувачките свечености организирани по повод тригодишнината од трагичната смрт на Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски, што ќе се реализираат на ден 26.02.2007 година (понеделник) со почеток во 11.00 часот, пред Споменикот “Македонија” во Градскиот парк

Еднодневна работна посета на Амбасадорот на Белгија

Вчера во еднодневна работна посета на Општина Струмица престојуваше Амбасадарот на Белгија во Р. Македонија и Р. Бугарија  Неговата Екселенција, Philip Beke. Во рамките на посетата г-динот Beke оствари средба со Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев. Градоначалникот Зоран Заев, го запозна Амбасадорот со вековната традиција на Струмичкиот карневал а во разговорот стана збор за карактеристиките на струмичкото стопанство и...

Струмички карневал 2007

Вчера Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев прими над 100 гости и тоа претставници на дипломатскиот кор, претставници на FECC, Градоначалници, Пратеници во Собрането на РМ, претставници на политичките партии, претставници на јавниот, невладиниот и бизнис сектор. Дипломатскиот кор го предводеше Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија г-динот Ерван Фуере. Сите гости добија пригодни подароци од Општина Струмица а во...

Со посетата на карневалската група од Петрич започна проектот „Од луѓе за луѓе“

Со посетата на карневалската група од Петрич – Република Бугарија започна реализацијата на проектот за прекугранична соработка “Од луѓе за луѓе”. Во рамките на овој проект е предвидено на сите културни манифестации кои ќе се реализираат во текот на оваа година во Струмица и Петрич да учествуваат групи од двете прекугранични општини.

Над 30.000 луѓе го посетија Струмички карневал 2007

Над 30.000 луѓе низ улиците на Струмица ја  проследија Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Почетокот на карневалот беше означен со спектакуларен огномет во траење од 15 минути. Во карневалската поворка продефилираа над 3000 маскирани групи и поединци од Македонија, Бугарија и Србија. Забавата продолжи  во струмичките кафулинја до раните утрински часови. За одбележување е и дека според извештајот...

Отворена првата туристичка инфо точка во Струмица

Здружението на граѓани љубители на историјата, археологијата, историјата на уметноста и хералдиката Аквила Ауреа Македоника со подршка на Општина Струмица и IMG ја отвори првата туристичка инфо точка – сувенирница во Струмица. Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев им честиташе на членовите на Аквила Ауреа Македоника и им посака што поголем број на туристи да го посетаат овој објект и...

Покана за главна карневалска вечер од Струмичкиот карневал

Почитувани граѓани на Република Македонија, Ве поканувам да ја посетите Главната карневалска вечер од Струмичкиот карневал 2007. Датум: 20.02.2007 година (вторник),  Почеток:18:30 часот. Градоначалник на општина Струмица Зоран Заев.