Општина Струмица продолжува со реализација на модерна и уредена инфраструктура за сите граѓани.
Еден од тековните инфраструктурни проекти е изградбата на улицата „23-ти Октомври“ (лев коловоз), финансирана од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски и Единицата за спроведување на Проектот за поврзување на локални патишта.
Увид во градежните активности изврши градоначалникот Петар Јанков заедно со своите соработници. Според информациите добиени на терен, досега се реализирани околу 60% од проектот, чија вкупна планирана должина изнесува 2.056 метри.
Станува збор за значајна сообраќајница која се протега долж Свети Илијскиот порој и го поврзува горниот дел на градот – од улицата „Стив Наумов“ до излезот од Струмица. Со нејзината изградба значително ќе се скрати времето на движење низ фреквентните градски улици.
Проектот предвидува изградба на две коловозни ленти од двете страни на поројот, при што моментално се работи на левата страна.
Проектант на оваа сообраќајница е „Хидроинженеринг“ ДООЕЛ Струмица, а изведувач е ДГТ „Жикол“ ДООЕЛ Струмица.


