Струмица уште еднаш потврди дека е спортски град и одличен домаќин на натпреварувања од највисок ранг.
Изминатиот викенд градот беше домаќин на завршницата од Купот на Македонија во ракомет, во машка и во женска конкуренција.
Како голем љубител и поддржувач на спортот, градоначалникот Петар Јанков, заедно со своите соработници, го следеше финалниот натпревар во машка конкуренција, во кој трофејот по рекорден 18-ти пат го освои РК Вардар 1961.

