Четиридневна спортска школа за сите млади струмичани

Под покровителство на Градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев,  од денес до четврток на стадионот Младост во Струмица  се организира Open fun football schools. На оваа спортска школа ќе земат учество околу 200 млади струмичани на возраст од 7 до 12 години на кои десетина спортски инструктори ќе им ги пренесат знаењата и вештините од разни спортски игри.

Организатор на спортската школа е организацијата ” Open fun football schools” од Данска а финансиските средства за одржување на истата се обезбедени од Градоначалникот на општина Струмица и светската фудбалска асоцијација ФИФА.

На сите деца учесници ќе им бидат поделени маички и дипломи за учество.