Почитувани, Со задоволство Ве известуваме дека согласно утврдената методологија и кварталното утврдување на цена, ЈПЕД ,,Струмица – Гас’’ Струмица од 1-ви април ги намали цените на природниот гас за 11% со што природниот гас дефинитивно е најефтин енергенс. Имајќи го во предвид намалувањето кое се изврши во месец октомври мината година, цената на гасот споредена со минатогодишната грејна сезона е намалена за вкупно 30%. Воедно апелираме до сите заинтересирани физички и правни лица навремено да поднесат барање за нови приклучоци како би можеле да ги реализираме во периодот што следува.
Со почит,
ЈПЕД ,,Струмица – Гас’’ Струмица