Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, на иницијатива на членовите на Долниот дом на Детскиот парламент, Младинскиот совет на Струмица, на 24.04.2008 година, во Домот на АРМ во Струмица организираше велигденски хепенинг…
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, на иницијатива на членовите на Долниот дом на Детскиот парламент, Младинскиот совет на Струмица, организираше велигденски хепенинг, каде децата имаа можност да го потенцираат одбележувањето на традиционалниот христијански обичај, вапцување на велигденски јајца и истовремено преку дружба да ја искажат сета своја уметничка креативност, секако давајќи му на настанот хумана димензија.
На хепенингот учество зедоа 250 деца од сите девет основни училишта од општината, децата од Јавната Установа Завод за рехабилитација Бања Банско, како и децата со посебни потреби членови на Граѓанското здружение „Порака“ од Струмица. Вапцаните јајца беа изложени на продажба од 13 часот, а собраните средства ќе бидат употребени во хуманитарни цели, посебно за децата со посебни потреби.
Во реализацијата на овој велигденски хепенинг, покрај Општина Струмица, посебно место завземаат Центарот за образование спорт и култура АБЦ Струмица и Здружението на граѓани „Струма“ од Струмица.