Презентација на реализирани проектни активности подржани од ГТЗ РЕДЕМ

Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро-регион, Ве поканува на презентација на реализирани проектни активности подржани од ГТЗ РЕДЕМ кои ќе се одржат на ден 12.04.2007 година (четврток) со почеток во 19.30 часот во Хотел Сириус.

На презентацијата ќе бидат презентирани следниве проекти:

• Вебпортална струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com
• Информативен систем за движење на цените на понудата и побарувачката на земјоделските производи на пазарите во регионотwww.agroinfo.com.mk

Воедно ќе биде презентиран и проектот реализиран од Општина Ново Село:

• Уредување на Колешкиот водопад

Презентацијата ќе се одржи на 12 април 2007 година, со почеток во 19:30 часот,  во Хотел „Сириус“ во Струмица.

Агенда

Презентација на реализирани проектни активности на Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро регион подржани од ГТЗ РЕДЕМ

12 април  2006, Хотел Сириус, Струмица

19:35 – 19:45
Поздравно обраќање од Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев

19:45 – 20:00
Обраќање од Раководителот на проектот на ГТЗ РЕДЕМ

20:00 –  20:15
Презентација на Проектот:  Уредување на Колешкиот водопад

20:15 – 20:30
Презентација на Проектот: Информативен систем за движење на цените на понудата и побарувачката на земјоделските производи на пазарите во регионот www.agroinfo.com.mk

20:30 –  20:45
Презентација на Проектот: Веб портал на струмичкото стопанство www.strumicaeconomy.com

20:45 – 20:55
Потпишување на Меморандум на соработка помеѓу: Центарот за локален економски развој на Струмичкиот микро регион и Агромрежа, Белград, Република Србија; Албамис, Тирана, Република Албанија и Сојуз на стопански комори

21:00
Коктел.