Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев на свечената седница на Советот на општина Струмица ги додели годишните награди Св. 15 Тивериополски свештеномаченици за 2007 година.
Како општествено признание за вонредно значајни остварувања од посебен интерес на Општина Струмица и Република Македонија, Градоначалникот на Струмица, наградата за животно дело “Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици” во 2007 година, посмртно ја додели на:
Борис Трајковски – Претседател на Република Македонија
Годишната награда на општина Струмица “Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици” за 2007 година како признание на Општина Струмица за посебни остварувања се доделува на:
1. Г-ѓа Мирјана Лазарова – Трајковска – за унапредувањето, развојот и заштитата на човековите права
2. Г-дин Никола Маџиров – за посебен придонес во литературата
3. Г-дин Горан Тренчевски – за посебен придонес во областа на филмската и театарската уметност
4. Г-дин Киро Урдин- за посебен придонес во областа на ликовната уметност
5. Кошаркарскиот клуб “Струмица” од Струмица за врни достигнувања во областа на кошаркарскиот спорт
6. Ловно друштво “Беласица “Струмица” за развој и унапредување на ловниот спорт
7. Културно-уметничкото друштво “Тримери” од Струмица за посебен придонес во развојот фолклорот и фолклорните традиции.