Заврши Европскиот шампионат во спортска ориентација за млади што овие денови се одржуваше во Струмица и на локалитетот „Суви лаки“ на планината Огражден. Селекцијата на Финска е најдобрата репрезентација учесник на ова европско натпреваруање. Второто место по бројот на освоени поени им припадна на Чешка, а како трета најдобра селекција е прогласена селекцијата на Швјацарија.
На преставнцитие на овие национални тимови пехарите им ги додели претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, кој во знак на благодарност му додели и плакета на преставникот на меѓународната федерација во спортска ориентација, Душан Виставел.
На 14 – то Европското првенство во спортска ориентација во Струмица учествуваа рекордни 33 држави со околу 400 натпреварувачи и претставува најмасовно спортско натпреварување што досега се одржало во Република Македонија. Покровител на шампионатот беше градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.