Општина Струмица продолжува со реализација на акцијата за ,,крпење‘‘ на ударните дупки во градот, согласно својата Програма за патишта и улици за 2014 година. Вакви градежни активности денес се одвиваат на Булеварот ,,Климент Охридски‘‘ (транзитниот пат), а за утре, одделението за комунални работи при Општина Струмица најавува ,,крпење‘‘ на дупки и на Булеварот ,,Ленинова‘‘ (пред зградата на Општинскиот суд). Според информациите од ова одделение, во наредните денови ќе се изврши асфалтирање на сите дупки по улиците во централното градско подрачје, за потоа акцијата да продолжи и во останатите делови на градот.
Од Општина Струмица апелираат до возачите на моторни возила, да имаат разбирање за градежните активности од оваа акција.