Категорија: Вести

Home / Вести
Напис

Доделена високата награда на ФКТ „Ристо Шишков“

Синоќа во просториите на Центарот за култура Антон Панов, Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, му ја додели наградата за високо актерско достигнување, Ристо Шишков, на овогодинешниот добитник Дејан Лилиќ. Со ова и официјално се симна завесата на 14 меѓународен фестивал на камерен театар.

Напис

Пуштена во употреба реконструираната Општинска библиотека

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев и Заменик Постојаниот Претставник на UNDP во Р. Македонија, Норимаса Шимомура ја пуштија во употреба реконструираната Општинска библиотека “Благој Јанков Мучето”. Со реализацијата на проектот “Пријателски библиотеки за сите граѓани” граѓаните на Општина Струмица добија реконструирана и најсовремено опремена библиотека.

Напис

Одбележан Денот на ослободувањето на Струмица

По повод 11 Септември, денот на ослободувањето на Струмица, Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев положи свежо цвеќе на Споменикот на Револуцијата во Градскиот парк. Манифестациите по повод 11 Септември продолжија со Планинарски марш по врвиците на Струмичкиот партизански одред и турнири во мал фудбал за учениците од основните и средните училишта.

Напис

Свечено отворен 14-тиот ФКТ „Ристо Шишков“

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев, свечено го отвори 14 фестивал на камерен театар Ристо Шишков. На овогодинешното издание на реномираниот меѓународен фестивал на камерен театар ќе бидат изведени 1 3 претстави.

Напис

Општина Струмица на Туршијада во Анкара

Претставници на Општина Струмица, во периодот од 08 – 10 Септември ке ја претставуваат Струмица на мегународниот саем на конзервирани производи во Општина Чубук, Анкара. На Туршијадата во Анкара ке бидат презентирани производи на фирми од Струмица.

Напис

Одбележан Денот на независноста

По повод денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, Секретарот на општина Струмица, Кирил Парталов, положи цвеќе на споменикот Гоце Делчев и одржа реч за историографијата на празникот.

Напис

Промовирана монографијата на Иван Илиев Ајдински

Во Центарот за култура „Антон Панов“, беше промовирана монографијата на Иван Илиев Ајдински од авторот Љупчо Ајдински. Иван Илев Ајдински е познат македонски интелектуалец, револуционер, социјалист, хуманист и адвокат. Еден од издавачите на монографијата е Општина Струмица. Со оваа активност започнаа свеченостите кои општина Струмица ги организира по повод одбележувањето на денот на независноста на...

Напис

Свечено отворено ОУ „Герас Цунев“

На 1-ви Септември градоначалникот го посети ОУ „Герас Цунев” од Просениково, кое беше свечено отворено после едномесечното реновирање на таванот и кровната конструкција, а беше финансирано од Владата на Р. Македонија.

Напис

Градоначалникот Заев ги прими првачињата

Градоначалникот на општина Струмица Зоран Заев во Центарот за култура “Антон Панов” свечено ги прими првачињата во детската организација и им посака многу среќа и успешна и плодна работа.

Напис

Решен проблемот со санитарните јазли во ОУ „Сандо Масев“

Благодарение на ангажманот на локалната самоуправа на Струмица, проблемот со санитарните јазли во ОУ Сандо Масев Струмица стар 60 години веќе е решен. Општина Струмица заедно со Министерството за образование обезбедија 2 милиони денари со кои се реконструирани санитарните јазли во ова училиште. Околу 800 ученици од ОУ Сандо Масев Струмица, новите санитарни јазли почнаа...